Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Продолжуваат проблемите за Франција, се повредил уште еден играч?

Продолжуваат проблемите за Франција, се повредил уште еден играч?

Продолжуваат проблемите со повредите за фудбалската репрезентација на Франција на Светското првенство во Катар, сега проблеми има Кингсли Коман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Л’Екип“, 26-годишниот фудбалер на Баерн Минхен го напуштил последниот тренинг на француската репрезентација. Станува збор за повреда на мускулот, а се уште не се знае колку е сериозна и дали ова е навистина нов голем удар за актуелниот светски шампион.

Франција на првенството дојде без голем број многу важни играчи. Поради повреди ова првенство го пропуштија Бензема, Нкунку, Канте, Погба и Кимпембе, а на првиот меч се повреди и Лукас Ернандез.

Ернандез мораше да го напушти теренот во 13. минута поради повреда која не само што го заврши настапот во Катар, туку и ја заврши целата сезона. Во второто коло од групата Д, Франција во сабота ќе игра против Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…