Дома Македонски спорт Мак фудбал Продолжи егзодусот во Вардар: И Новак кажа збогум

Продолжи егзодусот во Вардар: И Новак кажа збогум

Егзодусот во Вардар продолжи со заминувањето на Украинецот Евгениј Новак.

На социјалните мрежи Новак се збогуваше со Вардар за кој игра од 2015 година. Во тој период тој настапи на 112 натпревари за најтрофејниот македонски клуб и постигна пет голови.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Драги навивачи, соиграчи и симпатизери кои го поддржуваат и сакаат вардаровото семејство, би сакал да ве известам дека денеска заврши мојата приказна со Вардар. Трипати ја освоивме шампионската титула, остваривме историски успех со влезот во групната фаза од Лига Европа и уште многу други работи. Тука запознав многу прекрасни луѓе, со кои ќе продолжам да контактирам. Вардар засекогаш ќе остане во моето срце. Благодарност и до Комити, за нивната поддршка во изминативе пет години. На клубот најискрено му посакувам успеси и во иднина, а јас засекогаш ќе останавм навивач број еден на Вардар“, стои во неговата објава на социјалните мрежи

Според најавите тој кариерата ќе ја продолжи во редовите на Колос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Леверкузен ја одреди цената за најдобриот фудбалер – 150 милиони евра!

Флоријан Вирц е најдобриот фудбалер во редовите на Баер Леверкузен кој зад себе има фантас…