Дома Фудбал Англија Продаваше сладолед, беше на работ на смртта, а денес игра во Премиер лигата

Продаваше сладолед, беше на работ на смртта, а денес игра во Премиер лигата

de andrade

Голем дел од фудбалерите кои доаѓаат од Бразил минувале низ тешко детство…

Таква е и приказната на Ричарслисон Де Андраде кој има 20 години и е првотимец во Вотфорд, од каде што пристигна во Фламиненсе. Негов добар пријател е ѕвездата на ПСЖ, Давид Луиз, а пред почетокот на сезоната никој не го знаеше неговото име.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Де Андраде за англиските медиуми зборуваше за страшните моменти во кои локален дилер му ставил пиштол на глава.

„Никогаш во животот не сум трчал толку брзо, а трчам целиот живот, бегам од сите, посебно од одбраните“.

Со криминалот никогаш не сакал да има ништо, иако растел на опасни улици во Бразил. Неговиот татко бил локален фудбалер кој никогаш не успеал добие професионален договор.

„Моите тренери секогаш ме учеа дека треба да се биде чесен. Иако на почетокот ми изгледаше како да не сум доволно добар да успеам, сепак продолжив да тренирам“, објаснува Де Андраде.

Неговиот прв договор го потпишал со Атлетико Минеиро кога и ги купил првите копачки.

„До тој момент позајмував од двајца другари со кои носевме ист број“, зборуваше Де Андраде за еден од своите најсреќни моменти во животот.

Претходно додека бил испраќан на различни проби, тој морал и да работи и се издржувал себе си со продавање на сладолед во местото во кое живеел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави нема да биде тренер, но ќе остане во Барселона?

Чави Ернандез минатиот месец објави дека заминува од тренерската позиција на Барселона на …