Дома Фудбал Англија Проблем за Челзи: „Сините“ значително ослабени во дербито на колото?!

Проблем за Челзи: „Сините“ значително ослабени во дербито на колото?!

morata

Екипата на Челзи би можела да биде значително ослабена во големото дерби против Манчестер Сити со оглед дека напаѓачот на овој тим, Алваро Мората има проблеми со повреда.

Мората се повреди пред крајот на натпреварот од Лигата на шампионите кој Челзи го доби против Атлетико Мадрид со 2:1 на гостински терен. Токму, Шпанецот беше еден од стрелците за својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека повредата на Мората сепак не била толку безопасна, па тој би можел и да го пропушти големото дерби кое на програмата е овој викенд. Од друга страна во Челзи се надеваат дека докторите на клубот од Лондон ќе успеат да го доведат Мората во состојба да може да настапи во еден од најважните натпревари за Челзи во досегашниот дел од сезоната.

Да потсетиме, Мората за краток период стана еден од најважните фудбалери на „сините“ бидејќи на досегашните осум натпревари веќе постигна седум погодоци. Дербито против Манчестер Сити се игра во сабота со почеток од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…