Дома Фудбал Проблем за Симеоне, се повреди Суарез

Проблем за Симеоне, се повреди Суарез

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез порано го заврши денешниот тренинг поради повреда, пренесува „Марка“.

34-годишниот Уругваец за време на тренингот почуствувал болки во мускулот.

Поради тоа го прекинал трнингот и веднаш ќе му бидат направени детални лекарски прегледи за да се одреди степенот на повредата.

Оваа сезона Суарез на 32 меча постигна 19 гола и е прв стрелец за Атлетико, па повредата доаѓа во незгоден момент бидејќи „јорганџиите“ не се во добра форма во клучниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…