Откако пред почетокот на сезоната се повреди првиот голман, Тибо Куртоа, Кралевите на позајмица го доведоа Кепа Аризабалага од Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Синоќа се повреди и Кепа, па на мечот против Брага во ЛШ бранеше третиот голман, Андреј Лунин.
„Кралевите“ веќе останаа без Тибо Куртоа до крајот на сезоната, а сега се повреди и Кепа кој ќе паузира три недели.
Шпанецот се повредил на загревањето пред натпреварот против Брага кој се одигра синоќа.
Лунин иако е трета опција брани одлично. Украинецот на уште два натпревара беше на голот на „кралскиот“ клуб и прими само еден гол.