Дома Фудбал Проблем за Реал: Анчелоти позитивен на коронавирус

Проблем за Реал: Анчелоти позитивен на коронавирус

Реал Мадрид потврди дека тренерот Карло Анчелоти се заразил со Ковид-19.

Искусниот Италијанец поради тоа во наредниот период ќе мора да биде во изолација. Од Реал само кратко порачаа дека Анчелоти е позитивен, а не е познато дали стратегот има симптоми на болеста.

Во целата ситуација за Реал добра вест е што најголем дел од фудбалерите беа со своите репрезентации, па така е помала опасноста од ширење на вирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…