Дома Фудбал Проблем за Наполи: Се повреди Кулибали

Проблем за Наполи: Се повреди Кулибали

Дефанзивецот на Наполи Калид Кулибали ја повреди задната ложа и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

Сенегалецот беше заменет во натпреварот со Сасуоло (2:2) во средата. Во прв момент не беше јасна таквата одлука на тренерот на Спалети, но подоцна се покажа дека се работи за повреда. Кулибали ќе биде надвор од терените барем до почетокот на јануари.

Но, Наполи ниту тогаш нема да може да смета на него затоа што го чека Купот на африканскиот нации кој стартува на 9. јануари. Во случај Сенегалците да ја оправдаат улогата на фаворит и да одат до завршницата Наполи на Кулибали би можел да смета дури во февруари.

Во овој момент тимот од југот на Италија е лидер во Серија А со 36 бодови, еден повеќе од Милан, а два повеќе од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…