Напаѓачот Виктор Осимен беше отстранет од Наполи за мечот против Модена во првото коло од италијанскиот Суперкуп.
Спортскиот директор Џовани Мана, призна дека Осимен изразил желба да го напушти клубот ова лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Виктор сака да замине. Имаме играчи во тимот кои можат да го заменат. Осимен е одличен играч, но сакаме да му дадеме приоритет на тимот. Ќе видиме што ќе се случи во наредните 20 дена“, изјави Мана.
За Осимен интерес покажуваат неколку европски гиганти, но никој не е спремен да ја плати сумата од 120 милиони колку што бара Наполи.