Дома Фудбал Англија Проблем за Лампард: Се повреди Јери Мина

Проблем за Лампард: Се повреди Јери Мина

Фудбалерот на Евертон, Јери Мина (27) ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет недели поради повреда на мускулот, пренесуваат англиските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот на клубот од „Гудисон Парк“ беше заменет во текот на првото полувреме против Њукасл во вторникот, натпревар кој неговиот тим го изгуби со 3:1.

Евертон е во лоша форма и има само една победа на последните 15 натпревари и повредата на репрезентативецот на Колумбија носи дополнителни проблеми за менаџерот на тимот Френк Лампард.

„За жал се покажаа точни нашите стравување. Јери ќе биде надвор од терените 10 недели. Тоа е удар за нашиот тим. Тој е важен играч за Евертон, секогаш позитивен и сигурно ќе ни недостасува“, изјави Лампард.

Покрај Јери Мина за наредниот натпревар со Лидс Лампард нема да ги има на располагање Бенд Годфри и Демарај Греј, додека во тимот се враќа Доминик Калверт Луин. Во овој момент Евертон е на 16. место во Премиер лигата со два бода над зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …