Дома Фудбал Италија Проблем за Интер: Реал им поставил ултиматум за Хакими

Проблем за Интер: Реал им поставил ултиматум за Хакими

Нема крај на проблемите во Интер. Неполни седум дена откако во Италија одекна веста за неисплатените овбрски кон други клубови стигнаа лоши вести од Мадрид – Флорентино Перез поставил ултиматум за Хакими.

Бепе Марота неодамна призна дека постојат неисплатени овбрски, но даде ветување дека клубот до 16. февруари ќе ги подмири сите обврски за да не дојде до поголеми санкции. Една од можните санкции е одземањето на бодови и тоа Интер би го исфрлило од шампионската трка. Освен што должат плати за јули, август, ноември и декември, Интер се уште не ја платил првата рата на Реал Мадрид за Ашраф Хакими, таа изнесува 10 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таа сума „нероаѕурите“ се обврзаа да ја платат до крајот на декември, но тој рок помина. Во меѓувреме со Реал Мадрид беше постигнат џентлменски договор исплатата да се одложи до 30. март, но изгледа дека Перез го променил мислењето. Според информациите тој лично стапил во контакт со луѓето од Интер и им се заканил дека ќе ја вклучи УЕФА ако не бидат доставени банкарски гаранции дека парите ќе бидат исплатени.

Ако дојде до тоа УЕФА да се вмеша може да се случи Интер да остане без европска лиценца што секако би било голем удар за клубот. Меѓутоа тоа е најлошото сценарио и во Интер сигурно ќе направат се за да го избегнат по секоја цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…