Големото дерби од групата Г на Мундијалот во Русија треба да биде натпреварот во кој ќе се сретнат репрезентациите на Белгија и Англија.
Ова, исто така, треба да биде дуел на двајцата кандидати за Златната копачка на Мундијалот, Хари Кејн и Ромелу Лукаку. Според обложувалниците, Белгија во моментов е една од првите три фаворити за освојување на титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред овој натрпевар, Белгија и Англија имаат ист учинок со по шест бода и гол разлика од осум постигнати и два примени гола. Меѓутоа, Белгија би можела да има проблем во овој натпревар. Како што потврди белгискиот сојуз, Ромелу Лукаку нема да настапи во овој натпревар поради повреда која ја заработи во претходниот натпревар.
Оваа вест ја потврди и селекторот на Белгија, Роберто Мартинез кој изјави дека верува дека Лукаку ќе биде подготвен за осмина финалето. Секако голем хендикеп за Белгија денеска, а доколку двата тима имаат ист број на бодови и гол разлика, победникот во групата ќе биде екипата која има помалку жолти картони или првопласираниот ќе се одлучи со ждреб.