Roберт Левандовски вчера заработи исклучување против Осасуна, натпревар во кој Барселона на крајот сепак успеа да слави.
Меѓутоа дополнителен проблем за Барселона е суспензијата која би можел да ја заработи напаѓачот поради гестот при излегувањето од теренот. Полскиот напаѓач додека излегуваше од теренот со прстот покажа кон својот нос.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прво гестот не беше познат за пошироката јавност, но потоа беше „дешифриран“.
„Левандовски направи гест со кој не ја одобри судиската одлука. Левандовски покажа со прстот кон носот и потоа го повтори истиот гест кон помошник судијата и четвртиот судија“, објаснил судијата Манзано во записникот.
Ваквиот гест на Левандовски се користел за да се алудира на голема ароганција на одредена личност. Првите претпоставки се дека Левандовски може да добие суспензија од три натпревари, место еден кој вообичаен за исклучување со два жолти картони.
Lewandowski qui sous-entend que l’arbitre prend de la cocaïne 😭😭 pic.twitter.com/xGUe39pofq
— 𝐃𝐨𝐧 𝐋𝐞𝐰𝐚𝐧 🇵🇱 (@DonLewan9) November 8, 2022