Роберт Левандовски сигурно нема да игра во натпреварот помеѓу Англија и Полска откако заработил повреда во вчерашниот натпревар против аутсајдерот Андора.
Левандовски постигна два гола во победата на Полска, а беше заменет после еден час игра. Денес е објавено дека поради повредата Левандовски веднаш се враќа за Минхен каде што ќе започне со рехабилитација. Првите проценки се дека Левандовски ќе биде надвор од терените десетина дена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова и тоа како може да биде проблем за Баерн затоа што наредната среда гигантот од Минхен го чека натпревар против ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„После деталните прегледи утврдено е дека Левандовски има оштетување на колатералниот лигамент на десното коленот. Третманот за ваква повреда е помеѓу пет и десет дена. Левандовски ќе биде ослободен за да не се ризвикува посериозна повреда, посебно пред ЕУРО 2021“, соопштија од Полска.