Дома Македонски спорт Проблем за Аврамовски: Кајзериспор му ја „замрзна“ лиценцата!

Проблем за Аврамовски: Кајзериспор му ја „замрзна“ лиценцата!

Македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски се најде во проблем во турскиот клуб Кајзериспор.

Аврамовски се уште не дебитирал за Кајзериспор, а како што стојат работите тоа нема да се случи за брзо време. По одличната сезона во Вардар во која беше предводник на Вардар во првенството кое се прекина поради ситуацијата со коронавирусот Аврамовски се пресели во Турција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради повреда тој ги пропушти првите четири кола, а тоа е причина да бму биде замрзната лиценцата.

Токму поради таа повреда Аврамовски не беше дел од репрезентацијата на Македонија за натпреварите против Ерменија и Грузија иако се најде на списокот.

Турските медиуми денес објавија дека Кајзери му ја суспендирал лиценцата затоа што македонскиот фудбалер не успеал да ја пронајде формата и фати вистински ритам по повредата. Ова веројатно значи дека клубот нема да смета на него во првиот дел од сезоната. Во Турција Аврамовски дојде бесплатно после кризата која го погоди Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…