Дома Фудбал Останато Проблем во ПСЖ: Незадоволство помеѓу играчите, Силва го јавно го „пецна“ спортскиот директор

Проблем во ПСЖ: Незадоволство помеѓу играчите, Силва го јавно го „пецна“ спортскиот директор

tuhel

После поразот од Ливерпул одредени работи „испливаа“ на површина.

Пари Сен Жермен добро стартуваше под водство на новиот тренер Томас Тухел. Прво го освоија Суперкупот, а потоа врзаа пет победи во Лига 1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, кога на ред дојде Лигата на шампионите, „светците“ не беа на потребното ниво, доживеаа пораз од Ливерпул со резултат 3:2, повеќе од резултат сигурно навивачите ги загрижува пристапот на играчите.

Француските медиуми пишуваат за незадоволство на играчите поради лошо одработениот преоден рок. Во текот на летото во клубот пристигнаа само Буфон, Тило Керер, Бернат и Чупо Мотинг.

„Што Ди Марија и Маркињос прават на позиции кои вообичаено не играат? Не знам прашајте го Ентеро Енрике’, изјави капитенот Силва кој така го „пецна“ спортскиот директор на клубот од Париз.

Наводно и останатите играчи се загрижени поради ваквата ситуацијата, сметаат дека најголем проблем е тоа што не е пронајдена замена за Тиаго Мота. Како проблем се истакнува и тоа што клубот нема потребна замена за Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…