Дома Фудбал Проблемот за Лестер е поголем: Варди надвор од терените до март

Проблемот за Лестер е поголем: Варди надвор од терените до март

Првите најави беа дека Џејми Варди ќе паузира само во јануари, меѓутоа повредата на напаѓачот е посериозна и „лисиците“ без својата прва ѕвезда ќе бидат до март.

„Скај Спорт“ објави дека Варди го чека подолга пауза од она што прво се информираше. Така како лош потег се покажа одлуката на тренерот на Лестер тој да настапи на дуелот со Ливерпул на 28. декември во Премиер лигата.

Варди минатиот месец ја повреди тетивата, паузираше против Сити во оној спектакл со девет гола, но потоа се избрза со неговото враќање во премиерлигашкиот натпревар со Ливерпул и така се искомплицира неговата ситуација.

Единствено добро нешто е што Варди нема да мора да оди на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас влезе при 0-3: Аталанта со пет порази во десет кола

Елиф Елмас доби шанса дури откако Парма веќе ја обезбеди убедливата предност во Бергамо. А…