Дома Фудбал Репрезентации Проблеми за Швајцарија: Вирус во репрезентацијата пред дербито со Србија!

Проблеми за Швајцарија: Вирус во репрезентацијата пред дербито со Србија!

Со проблеми се соочува селекцијата на Швајцарија пред дербито со Србија кое ќе го реши патникот во осминафиналето.

Според последните информации од медиумите голманот Јан Зомер и Нико Елведи се неизвесни за овој дуел поради вирус. Во швајцарската репрезентација стравуваат дека вирусот би можел да се прошири и кај останатите репрезентативци што би било навистина проблем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако Зомер не може да настапи на голот на Швајцарија најверојатно ќе застана голманот на Борусија Дортмунд Грегор Кобел, а местото на Елведи би го преземал Фабијан Шер.

Повеќе информации и конечниот одговор дали двајцата би можеле да играат би требало да се во наредните часови бидејќи натпреварот се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бурна реакција на ФК Скопје за пеналот во Врапчиште: Сакаме чесно првенство!

Од судиската комисија на ФФМ вчера во анализата ја потврдија грешката на судијата, а сега …