Атлетико Мадрид би можел без напаѓач да го дочека првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ против Ливерпул, пишува Марка.
Ваквите шпекулации доаѓаат по повредата на Алваро Мората, кој беше повреден за време на саботното дерби со Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така, Шпанецот им се придружува на Жоао Феликс и Диего Коста кои веќе некое време се на рехабилитација поради повредите.
Откако Атлетико во зимскиот преоден рок не успеа да донесе класичен напаѓач во своите редови, екипата на Симеоне остана без ниту еден здрав напаѓач.
Инаку, Атлетико ќе биде домаќин на Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а овој дуел се игра на 18 февруари, што може да биде прерано за Мората да се опорави.
Атлетико Мадрид е без победа во пет натпревари во низа во сите натпреварувања, а за тоа време постигна само еден погодок.