Дома Фудбал Проблеми за ПСЖ во финишот на сезоната, се повреди клучниот играч во средината

Проблеми за ПСЖ во финишот на сезоната, се повреди клучниот играч во средината

ПСЖ се бори за титулата во Лига 1 и се очекува драма во самиот финиш, а сега се појавија и нови проблеми.

Елиминацијата од ЛШ не е единствената грижа за Покетино, со оглед на тоа што Марко Верати, еден од клучните играчи во тимот заработи повреда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанецот на тренинг го истегнал лигаментот што значи дека ќе паузира најмалку еден месец. После паузата доаѓа лесен тренинг, па така Верати ќе биде надвор од теренот повеќе од 30 дена, а прашање ќе биде и колку подготвен ќе влезе на Европското првенство, каде Италија во групата ги има Турција, Швајцарија и Велс.

Што се однесува до ПСЖ, тие до крајот на сезоната ќе водат вистинска битка за титулата во Франција, па затоа ова не се вести кои тренерот Покетино ги очекуваше, особено после елиминацијата во полуфиналето на ЛШ од Манчестер Сити.

Од тимот на ПСЖ најавија дека ќе има промена на играчкиот кадар на лето, а она што посебно ги радува навивачите е потпишувањето на новиот договор со Нејмар, додека судбината на Мбапе се уште е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…