Дома Фудбал Проблеми за Баерн: Ноер повторно се повреди!

Проблеми за Баерн: Ноер повторно се повреди!

Фудбалерите на Баерн Минхен утре на гостувањето кај Баер Леверкузен ќе бидат без капитенот Мануел Ноер.

Германските медиуми пренесуваат дека голманот на Баварците заработил повреда на последниот тренинг. Ноер има повреда на раката, но за среќа не се работи за скршеница.

Германскиот репрезентативец во последните две години има многу проблеми со повреди, па минатата сезона одигра само три натпревари поради повреда на стапалото.

За среќа оваа повреда не е тешка и се очекува брзо да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…