Дома Фудбал Лига на шампиони Проблеми за Баерн: Милер ги пропушта натпреварите со Ливерпул

Проблеми за Баерн: Милер ги пропушта натпреварите со Ливерпул

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер нема да може да игра на двата меча против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа стана јасно денес откако Дисциплинската комисија на УЕФА ја објави казната за Германецот за црвениот картон кој го доби на мечот со Ајакс.

Вообичаено црвениот картон се санкционира со еден меч, но од УЕФА се решија за построга казна поради грубиот старт на Милер, кој со нога го удри во глава Таљафико.

Од „Алијанц Арена“ веднаш објавија дека ќе ја обжалат ваквата одлука на УЕФА. Тоа беше првиот црвен картон во кариерата на Милер, кој веднаш се извини.

Ливерпул го пречекува Баерн Минхен на „Енфилд“ на 19-ти јануари, додека реваншот е на 13-ти март.

https://youtu.be/RO3pGv1Yi7A

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алонсо испрати прва порака како тренер на Челси!

Чаби Алонсо е официјално новиот тренер на Челси, потврди лондонскиот клуб во саботата. Зош…