Дома Фудбал Лига на шампиони Проблематична ноќ за Роналдо и друштвото во Шпанија: Навивачи ги оставиле без сон

Проблематична ноќ за Роналдо и друштвото во Шпанија: Навивачи ги оставиле без сон

Јувентус вечерва за прв пат во тимот со Кристиано Роналдо ќе настапи во Лигата на шампионите, а за противник ќе ја имаат шпанска Валенсија.

Кристиано Роналдо во изминатиот викенд во натпреварот против Сасуоло ги постигна првите голови за Јувентус на еден официјален натпревар. Вечерва за Португалецот Валенсија доаѓа во вистинско време за нови погодоци со оглед на тоа што овој клуб е една од неговите омилени жртви.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во својата кариера Роналдо против Валенсија постигнал 15 погодоци на 18 натпревари и тој учинок ќе има прилика да го поправи вечерва.

Сепак, изминатата ноќ не поминала онака како што очекувале фудбалерите на Јувентус.

Португалецот заедно со своите соиграчи имале проблеми да заспијат во текот на ноќта бидејќи група навивачи на шпанскиот клуб се собрала пред хотелот каде што биле сместени и скандирале до раните утрински часови. Покрај гласното скандирање навивачите употребиле и пиротехнички средства.

Како што пренесуваат шпанските медиуми навивачите си заминале во раните утрински часови после интервенцијата на полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…