Дома Фудбал Останато Пријател на таткото на Халанд: Што очекувавте од некој кој е зачнат во соблекувална?

Пријател на таткото на Халанд: Што очекувавте од некој кој е зачнат во соблекувална?

Eрлинг Халад го воодушевува целиот свет со своите настапи оваа сезона, а во Лигата на шампионите успеа да постигне дури 10 голови.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Халанд „експлодираше“ во Салзбург, а потоа голгетерската низа ја продолжи во Борусија Дортмунд, неодамна постигна два гола против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Близок пријател на семејството на Халанд се пошегува дека ништо друго не може да се очекува од некој кој е зачнат во соблекувалната.

Јанг Аге Фјортофт е поранешен фудбалер кој играше против таткото на Халанд Алф Инге во Англија. Тој зборуваше за неверојатниот талент на Ерлинг кој е роден во Јоркшир.

„Што очекувавте од некој кој е зачнат во соблекувалната“, изјави Фјортофт.

Таткото на Ерлинг Халанд три години играше во Лидс (од 1997 до 2000), ап отоа премина во Нотингем Форес. Девет месеци пред раѓањето на неговото раѓање неговиот татко влезе во 78. минута во натпреварот помеѓу Лидс и Њукасл (3:2). Подоцна Алф Инге го носеше дресот и на Манчестер Сити.

Бројките на Халанд сезонава се неверојатни, за Салзбург и Борусија 19 годишниот напаѓач постигна вкупно 39 гола на 29 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…