Дома Фудбал Останато Пријателот на Сала: Еми беше приморан да се качи на тој проклет лет!

Пријателот на Сала: Еми беше приморан да се качи на тој проклет лет!

Несреќата со авионот во кој патуваше Емилијано Сала го потресе светот и секојдневно се појавуваат нови информации за кобниот лет кој заврши во водите на англискиот канал.

Авионот исчезна на 22-ри јануари, а пред два дена беше пронајден. На видеото кое беше објавено во остатоците на авионот се забележува и едно тело. Засега не е потврдено, но англиските медиуми пишуваат дека станува збор за Сала.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега пријателот на Сала, Масимилијано Дуарте за целиот случај го обвинува менаџерот на фудбалерот.

„Тој (менаџерот) има најголема вина. Во ова има една голема вистина. Емилијано сам никогаш не реши да се качи на тој лет. Неговите обврски му го налагаа тоа и мораше да ги прифати. Еми буквално беше приморан да се качи на тој проклет авион и да лета во такви услови ноќе“, порача Дуарте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Детенце од трибините испрати силна порака до фудбалерите на Челзи

Во вчерашниот натпревар од Премиер лигата, екипата на Челзи доживеа вистински дебакл во по…