Девојката на Тибо Куртоа, Марта Домингез би можела доста да влијае на неговата иднина кога е кариерата во прашање. Имено, таа се пресели во Мадрид каде очекува второ дете од белгискиот голман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа покрена лавина на шпекулации во белгиските и англиските медиуми – кои тврдат дека поради ваквиот потег на девојакта, Куртоа ќе ја прифати понудата на Реал и ќе се пресели во Мадрид.
Со оглед на фактот што Реал е во потрага по квалитетен голман, Куртоа им е прва и најголема желба веќе подолго време. Па родителството и девојката се доволна причина Белгиецот да се пресели во Мадрид и кариерата да ја продолжи на „Сантиаго Бернабеу“.
Познато е дека Куртоа неколку години ги помина во Мадрид, кога беше голман на Атлетико, но играше како позајмен фудбалер на Челзи чие раководство одлучи да го врати во Лондон.
