Дома Трансфер зона Пристигна понуда за „Супер Марио“

Пристигна понуда за „Супер Марио“

Марио Балотели и понатаму е во неизвесност, ќе биде ли во составот на Ница и наредната сезона.

Оваа сезона Марио е еден од подобрите фудбалери на Ница, успеа да постигне 17 погодоци и му помогна на францускиот клуб да обезбеди настап во Лигата на шампионите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, прашање е дали Балотели ќе остане во овој тим и наредната сезона. Интерес за него постои, а најголемиот доаѓа од Сампдорија, која беше заинтересирана да го доведе Балотели и пред почетокот на оваа сезона.

Причината за новиот интерес може да се побара во потенцијалното заминување на Патрик Шик во Јувентус и желбата на Луис Муриел да премине во посилен клуб.

Мино Раиолa веќе бил контактиран, останува да видиме што ќе одлучи Италијанецот.

                                                                                                                  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …