Дома Трансфер зона Пристигна понуда за Бензема, Реал ја отфрли како срамна!

Пристигна понуда за Бензема, Реал ја отфрли како срамна!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја окарактеризира понудата на Арсенал за Карим Бензема како срамна.

Како што пренесуваат шпанските медиуми „топџиите“ испратиле понуда за потписот на Карим Бензема, а таа изнесувала 40 милиони фунти.

Меѓутоа, претседателот Флорентино Перез веднаш испратил негативен одговор до раководството на Арсенал и понудата ја означил како срамна.

Иако Французинот оваа сезона не блеска во дресот на Реал, сепак Перез смета дека Бензема е еден од најдобрите напаѓачи во светот и дека неговата вредност е многу поголема од 40 милиони фунти.

Бензема е член на Реал Мадрид од 2009 година, а неодамна го продолжи договорот со „кралскиот“ клуб до 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…