Идејата за формирање на Европска Суперлига е се уште жива и продолжува да се работи на неа.
Компанијата „A22 Sport Menagment“ која стои зад проектот потврди дека се работи на нов формат, кој ќе биде отворен и ќе биде презентиран во наредните две-три години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Владата во Шпанија донесе закон за спорт кој содржи амандмани со кои им се дозволува на шпанските екипи да играат и во Суперлигата и во домашното првенство.
На раководството на Ла Лига кое се бори против Суперлигата не му се допадна ваквиот закон, па претседателот Хавиер Тебас најави бојкот на првенството доколку не се промени законот.
Тебас се закани со бојкот и стопирање на Примера доколку не се промени донесениот закон, а утре ќе се знае дали воопшто ќе се игра следното коло викендов.