Пред неколку дена беше потврдено дека шпанската Ла Лига ќе продолжи на 11. јуни со градско дерби помеѓу Севиља и Бетис.
Паузата во Шпанија трае скоро три месеци, но за десет дена првенството конечно ќе продолжи. Клубовите тренираат во своите кампови веќе скоро еден месец, а фудбалерите успеаја да се подготват за остатокот од сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неверојатен е фактот дека дури 110 натпревари ќе се играат за само 39 дена, а ќе можеме да ја следиме Ла Лига скоро секој ден. Шпанците направија распоред за да ја завршат лигата до почетокот на август, поради што барем еден натпревар нè чека скоро секој ден.
Веќе беше познато дека првиот натпревар по рестартот ќе биде градското дерби меѓу Севиља и Бетис на 11 јуни од 22 часот.
На 12 јуни, во петок, ќе се одиграат два натпревара, односно дуелите Гранада- Гетафе и Валенсија-Леванте, за преостанатите седум средби да бидат резервирани за викендот.