Maкедонскиот и европски шампион Вардар славеше во натпреварот од СЕХА лигата против Татран Прешов со резултат 22:30.
За црвено-црните ова е враќање на победите откако во минатото коло одиграа реми против Брест.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вардар одлично започна успеа да создаде предност од два гола, која ја одржуваше во поголемиот дел од натпреварот. За на пауза да се замине со резултат 13:14 за македонскиот претставник.
Во вториот дел Вардар како да притисна на „педалата за гас“, па како што одминуваше полувремето избраниците на Раул Гонзалес го зголемуваа водството. Вторите 30 минути Вардар ги доби со сигурни 16:9, за на конечниот резултат да гласи 22:30.
Најефикасен во Вардар беше Тимур Дибиров со девет постигнати гола, зад него слдуваа Циндриќ, Криштпанс и Војводиќ со по пет гола.