Дома Фудбал Претседателот на Џенова: Како да играме во сабота кога не тренираме?!

Претседателот на Џенова: Како да играме во сабота кога не тренираме?!

Екипата на Џенова не сака да го игра натпреварот против Торино во сабота во рамките од 3. коло во Серија А. Тоа е и очекувано после хаосот со коронавирусот кој се случи во овој тим.

Џенова објави дека 14 членови на нивниот тим се позитивни на коронавирусот, според последните информации 10 биле фудбалери, иако прво се шпекулираше дека станува збор за осум играчи.

Нормално сите позитивни се во изолација, екипата не тренира, па невозможно е нормално да се подготват за средбата со Торино. Кои играчи се позитивни не е објавено, но за нас најважно е што Горан Пандев не е помеѓу позитивните. Тоа македонскиот капитен го потврди во изјава за нашиот сајт.

Првиот човек на Џенова Енрико Прециози сега потврди дека лудост е што лигата очекува тие да играат во сабота.

„Пред се постои правило на здравиот разум и тоа ни говори дека во овој момент невозможно е да играме натпревар. Во најавите покрај позитивните случаи многумина забораваат еден важен аспект. Ние овие денови не можеме да тренираме, ниту со оние кои се негативни. Како можеме да играме против Торино?!“, изјави Прециози.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Торонто без плејоф, Филаделфија со јасна цел: победа за директен пласман

Торонто ги загуби шансите за плејофот, но неговото гостување има големо значење за Филадел…