Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) изјави дека претсојниот Мундијал во Русија без Италија ќе биде вистинска трагедија.
„Aѕурите“ не се квалификуваа за Мундијалот прв пат после 1958 година. Италија во баражот беше елиминирана од репрезентацијата на Шведска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инфатино коментарот за неуспехот на италијанската репрезентација го даде додека присуствуваше на церемонијата на доделувањето на признанијата на Олимпискиот комитет на Италија во Рим.
„Пред да станам директор, бев навивач и морам да признаам дека Светското првенство без Италија е вистинска трагедија. Очигледно дека е потребно напорно да работите за да ја вратите Италија онаму каде што и е местото, во светскиот врв“, изјави Инфантино, кој Швајцарец, но поседува и италијанско државјанство.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули 2018 година, а титулата светски шампион ќе ја брани Германија.