Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изрази загриженост поради одлуката на Светското првенство да се користи ВАР технологијата, но и го прокоментира најконтроверзниот пенал во последните неколку години
ФИФА пред неколку недели донесе конечна одлука ВАР да се користи на Мундијалот наредната година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Имам некој страв поврзан со СП каде што ќе се суди со помош на ВАР. Се надевам дека нема да има некои проблеми и скандали“, изјави Чеферин.
Чеферин не можеше да го избегне и прашањето за натпреварот од ¼ финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, на кој судијата Мајкл Оливер досуди пенал во последните секунди од натпреварот.
„Што би променил ВАР во таа ситуација? Ништо. Има луѓе кои ја гледаа таа снимка 20 пати, јас таа ситуација ја погледнав најмалку 50 пати, сигурен сум дека постоеше контакт за пенал“, заврши Чеферин.