Навивачите на Рома никако не може да му простат на претседателот Џејмс Палота за продажбата на Мохамед Салах минатото лето и таа на Миралем Пјаниќ пред две години.
Палота објасни дека во двата случаи едноставно немал избор и дека се фруструра кога ќе слушне дека Рома е како супермаркет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Работите не се едноставни кога еден играч заминува. Фрустриран сум кога ќе слушнам дека Рома е како супермаркет. На пример, Пјаниќ имаше откупна клаузула и моравме да го пуштиме. Салах сакаше да се пресели во Премиер лигата по секоја цена. Со оглед на фактот дека неговиот договор беше при крај моравме и него да го пуштиме. Едноставно немавме избор. Постојат работи позади сцената кои луѓето не можат да ги разберат. Ние не сме тие кои сакаат да продаваат играчи“, изјави Палота.