ПСЖ денес официјално го претстави новиот тренер Кристоф Галтие, кој ќе ги води „светците“ во следните две години.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На пресконференцијата претседателот Ал Келаифи повторно мораше да одговара на прашање за Зинедин Зидан, за кого медиумите тврдеа дека е прв избор за тренер.




„Дури кога новиот тренер е тука, продолжувате да прашувате за Зидан. Го обожавам Зизу како фудбалер и тренер, но никогаш не преговаравме со него. Галтие беше нашиот прв избор и од првиот ден сакавме да го доведеме. Еве го, тука е и имаме голема доверба во него“, изјави Ал Келаифи.