Дома Фудбал Италија Претседателот на Наполи ги испрати Елмас и дружината во карантин!

Претседателот на Наполи ги испрати Елмас и дружината во карантин!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис му нареди на тимот да биде во карантин до недела, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за тоа се разочарувачките резултати во последно време. Трите меча без победа и поразот од Рома ја прелеаа чашата, па играчите ќе бидат во казнен карантин.

„Тимот ќе биде во карантин до недела сабајле, кога некои од играчите ќе заминат со своите репрезентации. Карантинот не е казна, туку можност фудбалерите да се сконцентрираат подобро, но и да се запознаат подобро“, изјави Де Лаурентис.

Тренерот Карло Анчелоти пак призна дека не е согласен со мерката која ја донел лично претседателот.

„Ако ме прашувате што мислам, ќе ви кажам дека не се согласувам со тоа. Меѓутоа, тренерот треба да биде тренер, тоа се одлуки кои ги носи клубот“, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ги менува правилата за ВАР: Ова е фудбал, а не Плејстејшн!

Шефот на судиите на УЕФА Роберто Розети се залага за промени во начинот на кој се користи …