Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига со јасна порака: Исфрлете ги ПСЖ и Манчестер Сити од Европа!

Претседателот на Ла Лига со јасна порака: Исфрлете ги ПСЖ и Манчестер Сити од Европа!

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас бара остри казни финансиски моќните Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.

Приказната за Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Финансискиот фер-плеј секогаш е актуелна кога ќе се отвори преодниот рок. Така е и оваа сезона, изгледа дека притисокот над Манчестер Сити е поголем од било кога и одредени медиуми се свртеа против нив, односно против нивното работење.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од оние кои ги критикуваа Манчестер Сити и ПСЖ е Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.

„Ова повеќе не е спорт, не е ниту индустрија…Ова е повеќе како некоја игра во која тие го рушат системот. Кога на едно дете ќе му дадете играчка, тогаш и другите ја сакаат“, изјави Тебас мислејќи на помошта од државите која споменатите клубови ја добиваат.

Тој е посебно лут поради ефектот на инфлација.

„Клучот на проблемот е тој ефект на инфлација кој го создадоа Манчестер Сити и ПСЖ. Останатите клубови сега сакаат повеќе пари за да се натпреваруваат со нив“, изјави Тебас.

УЕФА испаќаше свои луѓе да ја прегледаат ситуацијата во Манчестер Сити и постои можност да бидат исфрлени од Европа, а Тебас побара освен Сити и ПСЖ да биде исфрлен.

Тебас и не верува дека Суперлигата на Европа која УЕФА сака да ја започне од 2024 година може да опстане долго.

„Суперлигата која ја предложува УЕФА ќе пропадне и тоа после 10-15 години. Националните првенства и нивните системи ќе бидат нарушени“, смета Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…