Што се случува во Интер? Наредните три натпревари се сигурно едни од најважните, не само оваа сезона, туку и во последните неколку години.
Интер го чека „Дерби дела Мадонина“ и тоа во за нив лош период. Милан е во многу подобра форма и со евентуална победа во овој натпревар сериозно би се вратиле во трката за четвртото место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите се незадовлни од однесувањето на сопственикот, Жидонг Жанг кој не се појавил во Милано повеќе од 500 денови, а неговиот син Стивен веќе два месеци не се појавил во клубот и во Италија.
Како Кинезите да не се заинтересирани, преодниот рок помина, пристигнаа неколку играчи, но не и Пасторе.
„Само еден автомобил на Стивен Жанг вреди како целата одбрана на Беневенто“, огорчено коментираат навивачите после тешката победа во првенството.
Рома загуби ова коло, па Интер благодарение на таа победа се наоѓа на четвртата позиција, но Милан и Сампдорија не се далеку. Тимот на Спалети има тежок распоред. После градското дерби го пречекува Наполи, а потоа оди во Џенова на Сампдорија.
За тоа време Рома оди на Наполи, го пречекува Торино, па оди на Кротоне, што се полесни ривали. Поради тоа градското дерби е од исклучително значење, победа би донела многу, но пораз носи „бородолом“.
Денешните медиуми пишуваат дека во случај да не бидат четврти на крајот од сезоната, Кинезите би ги продале Шкриниар и Икарди, но не би можеле да доведат поскапи играчи (поради финансискиот фер плеј).
Тоа секако е најлошото можно сценари за „нероаѕурите“.