Фенерџијата од италијанската Серија А доведе зучно име со цел да го зачува прволигашкиот статус.
Беневенто се наоѓа на дното на италијанската Серија А, но се уште во овој клуб не се предаваат и успеаа да го доведат поранешниот француски репрезентативец Бакари Сања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Како го убедив Сања да потпише за нас? Мислам дека беше пијан!“, одговори добро расположениот претседател на фенерџијата, Оресте Вигорито, а потоа беше посериозен:
„Го сретнав во Наполи. Разговаравме и го убедив повторно да се чуствува како дете“, изјави Вигорито.
Искусниот дефазнивец кој го носеше дресот на Арсенал и Манчестер Сити веќе дебитираше за својот нов клуб. Во неделниот пораз од 2:5 од Рома на „Олимпико“, Сања во игра влезе во вториот дел.
„Овде е само неколку дена, а веќе покажа за каков професионалец се работи. Не се станува шампион случајно“, истакна Вигорито.