Дома Фудбал Претседателот на Барса: Го сакавме Ди Марија, посилни сме од минатата година

Претседателот на Барса: Го сакавме Ди Марија, посилни сме од минатата година

bartomeu

Претседателот на Барса, Жосеп Марија Бартомеу откри дека каталонскиот клуб сакал да го донесе играчот на ПСЖ, Анхел ди Марија, но нивната понуда била одбиена.

Одличниот Аргентинец беше една од најголемите желби на раководството и тренерот Валверде, но на крајот не се оствари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тренерот ја кажува желбата, ние се обидуваме да ја исполниме, доколку не успееме бараме друг играч. Негова желба беше Ди Марија, меѓутоа понудата која ја испративме беше многу помала од вредноста која му ја дава ПСЖ на играчот“, објасни Бартомеу.

Меѓутоа клубот ги исполнил другите барања на тренерот, па Бартомеу смета дека Барса сега е посилна од минатата година.

„Валверде бараше да го вратиме Делуфеу, потпис на нов договор со Карлос Алења. Нашиот тим сега е посилен во однос на минатата година“, смета претседателот на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…