Дома Фудбал Претседателот на Анкарагучу си поднесе оставка, му се извини на судијата Халил Умут Мелер

Претседателот на Анкарагучу си поднесе оставка, му се извини на судијата Халил Умут Мелер

Фудбалскиот свет шокиран ги следеше настаните во Турција каде што се случи невиден скандал по натпреварот од Суперлигата меѓу Анкарагучу и Ризеспор.

Анкарагучу постигна гол во 10 минута кој беше поништен по интервенцијата на ВАР собата, па овој тим сепак поведе четири минути подоцна, а во 50. минута црвен картон доби Али Соу. Гостите ја искористија бројната предност на теренот и во седмата минута од судиското надополнување во вториот дел стигнаа до бод.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова предизвика револт кај домашните, а претседателот на домашната екипа Фарук Коча истрча на теренот и со тупаница удри по лицето на главниот судија на натпреварот Халил Умут Мелер.

После тоа беше уапсен, па следуваше оставката од функцијата претседател на клубот:

– По натпреварот што го одигравме синоќа против Ризеспор, со оглед на моето однесување кон судијата Халил Умут Мелер, се извинувам на турската судиска заедница, спортската јавност, нашата земја и Мелер и неговото семејство. Како и зошто се случи ова е ирелевантно. Колку и да е голема неправдата, ништо не може да го оправда или објасни насилството што го извршив.

Спортските терени треба да бидат сцена на праведен натпревар. Секое однесување кое го оцрнува фер-плејот, вклучително и моето, не треба да биде присутно на стадионите и арените. Како некој кој секогаш имал конструктивни иницијативи откако станал претседател на Анкарагучу, се срамам што го создадов токму спротивното. На јавноста ѝ соопштувам дека се повлеков од функцијата претседател на клубот за да не предизвикам дополнителна штета на клубот, неговите навивачи, заедницата и моето семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…