Дома Македонски спорт Мак фудбал Претседателот Иванов со честитка до фудбалерите на Вардар

Претседателот Иванов со честитка до фудбалерите на Вардар

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им ja честита победата и пласманот во Лигата на Европа на фудбалскиот клуб Вардар.

„Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар. Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар!” се вели во честитката од претседателот Иванов.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓



Македонскиот претседател вечерва во Охрид, заедно со учесниците на Школата за млади лидери, го проследи натпреварот меѓу ФК Вардар и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…