Веќе подолго време се шпекулира со иднината на Луис Суарез за кого медиумите тврдат дека сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.
Изминатите денови се шпекулира дека Суарез веќе се договорил со Јувентус за тригодишна соработка и во Торино ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Информациите беа дека наводно се е договорено, но по последната објава на голгетерот на социјалната мрежа Инстаграм се чини дека од тоа нема ништо.
Уругваецот објави фотографија од денешниот тренинг и напиша „Лажни вести“.
Ова беше протолкувано дека Суарез сигурно останува во Барселона и оваа сезона, а наводно Меси одиграл клучна улога во тоа.