Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ донесе одлука да го него напушта клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првиот дел од сезоната Ракитиќ добиваша мала минутажа и често остануваше на клупата за резерви, па силно се шпекулираше дека ќе ја напушти Барселона во јануари.
Хрватот и самиот призна дека повеќе не е среќен во Барселона, а заинтересираните клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Во последно време Валверде почна да му дава поголема минутажа, а Ракитиќ ја искористи шансата со одлични партии. Според „Марка“ тоа го убедило Хрватот да остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната и покрај фактот што за него интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Ракитиќ сигурно ќе остане во Барселона до крајот на сезоната, а на лето ќе влезе во последната година од договорот и најверојатно ќе биде продаден.