Иднината на Виктор Осимен се уште не е решена, иако тој и Наполи сакаат да се разделат ова лето.
Првично интерес за Нигериецот покажаа многу европски гиганти, но поради високата оштета и големите финансиски барања на напаѓачот се откажаа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како последна опција се појави Саудиска Арабија од каде што наводно Наполи прифатил понуда од околу 70 милиони евра.
Претставници на Ал Ахли веќе допатуваа во Италија на средба со агентот на Осимен и му нудат плата од 30 милиони евра во наредните четири години.
Единстен европски клуб кој се уште е во трка за потписот е Челзи, но „сините“ не можат да се договорат со напаѓачот околу платата.
Доколку Осимен ја прифати богатата понуда од Ал Ахли веќе утре ќе се реализира неговиот трансфер во Саудиска Арабија.
🚨🇳🇬 EXCL: Al Ahli management set to travel to Italy today to advance in talks with Victor Osimhen.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 28, 2024
🔵👀 Nothing changed yet as Chelsea REMAIN in talks with Osimhen over personal terms/salary.
Osimhen-Al Ahli, ONLY possible if #CFC are not able to agree on terms with Victor. pic.twitter.com/Nx1KBnXQ5Z