Дома Трансфер зона Пресврт? Ова е ставот на Реал за Лука Јовиќ!

Пресврт? Ова е ставот на Реал за Лука Јовиќ!

Долго време во медиумите се пишува иднината на Лука Јовиќ, а во главно се тврди дека неговите денови се одбројани, иако во клубот е од почетокот на оваа сезона. Меѓутоа изгледа Реал ќе му даде уште некоја шанса.

Реномираниот „АС“ излезе со информација: Реал нема намера да го продава Јовиќ во преодниот рок кој следи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во раборот на Реал признаваат дека српскиот напаѓач не бил на висина на задачата во претходниот дел од сезоната, но веруваат дека неговиот талент ќе излезе на површина во белиот дрес.

„Лука е во идеални години да се развива како играч и како фудбалер. Потпиша договор до 2025 година и ние веруваме во него. Ништо не е направено без знаење на клубот и локалната полиција на која и беше најавено неговото доаѓање (за прекршувањето на полицискиот час во Србија). Целата приказна е пренапумпана. Кога во прашање е фудбалот, првата година во Реал за никого не е лесна, посебно поради адаптацијата во новата земја, култура, јазик…Меѓутоа ние го знаеме неговиот потенцијал и тој никој не го доведува во прашање“, изјавил за „АС“ неименуван извор од клубот.

Времето работи за Лука.

„Можете да направите цел список на играчи кои стагнираа на 21-22 години, а потоа на 25 биле помеѓу најдобрите десет во светот. Времето работи за Лука. Не можеме да зборавиме дека постигна 27 голови на 48 натпревари за Ајнтрахт. Тоа никој не му го поклони“, го завршил разговорот човекот од таборот на Реал со новинарот на „АС“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…