Последните недели на големо се шпекулира околу иднината на бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо.
Овој играч моментално се наоѓа на позајмица во Баерн Минхен, но Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор и покрај фактот што одигра важна улога оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира со иднината на Кутињо бидејќи Барселона сакаше да го продаде, но сега работите се променија. Имено, новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман смета дека Бразилецот одлично ќе се вклопи во неговата формација.
Куман сака да му даде шанса на Кутињо и му ветил дека ќе игра важна улога во неговиот тим. Барселона е согласна да го задржи бидејќи во моментов нема клуб кој може да ја плати посакувата сума.