Дома Топ вести Пресврт: Кулибали го напушта Наполи, но останува во Серија А

Пресврт: Кулибали го напушта Наполи, но останува во Серија А

Калиду Кулибали ќе биде една од најжешките трансфер теми ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот на Наполи е на мета на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул,но италијанските медиуми тврдат дека може да остане во Серија А.

Имено, медиумите блиски до „старата дама“ пренесуваат дека Кристиано Роналдо побарал од раководството на Јувентус да се обиде да го донесе Кулибали.

Португалецот е загрижен поради честите повреди на Киелини и неискуството на Де Лихт, па смета дека со Кулибали тимот полесно може да дојде до триумф во Лигата на шампиони.

Раководството на Јувентус се согласува и е спремно да понуди 80 милиони евра за потписот на Кулибали плус дополнителни бонуси.

Наполи преферира да го продаде дефанзивецот надвор од Серија А, но ниту еден друг клуб  не е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…