Дома Фудбал Италија ПРЕСВРТ: Карло Анчелоти ја одби Италија!

ПРЕСВРТ: Карло Анчелоти ја одби Италија!

Иако пред неколку дена италијанските медиуми со голема сигурност тврдеа дека Карло Анчелоти ќе седне на кормилото на „Аѕурите“, сепак славниот тренер каже НЕ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија, минатата недела официјално му ја доставија понудата на Анчелоти и му овозможија и неговиот син да биде дел од стручниот штаб.

Како што објави весникот „Кориере дело спорт“, тој по средбата со челниците на Италијанската Фудбалска Федерација побарал неколку дена за да размисли, а денес и официјално ја одбил понудата.

Искусниот тренер има поинакви планови и сака да предводи некој европски гигант, а италијанските медиуми тврдат дека е заинтересиран за менаџерската позиција во Арсенал.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека во моментов Роберто Манчини и Клаудио Раниери се најголеми фаворити за селекторското место на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…